Продолжува трговската војна меѓу Косово и Македонија

21

Косово ја засилува блокадата на македонските производи. Од полноќ започна целосната забрана за увоз на сите стоки од Македонија на Косово.

“Оваа одлука стапи на сила од полноќ, а за комплетната стока од Македонија ќе има и дополнителни такси. Ова е нашиот одговор на потезите од Скопје”, изјави министерката за трговија и индустрија на Косово Мимоза Кусари-Лила, додавајќи дека одлуката ќе важи се до постигнување на договор.

Од ноќеска на полноќ се наплатува влез за патниците и возилата кои од Косово влегуваат на територијата на Македонија. Имено за секој автомобил што од Косово ќе влезе во наша територија, се плаќа по 5 евра, плус по 2 евра за секој патник. За камионите и автобусите се наплаќа по 10 евра, како и по 2 евра за секој патник.

Министерката Кусари најавува и проширување на ембаргото односно на списокот на македонски производи за кои ќе важи забраната за увоз, но нема да има мерки кои ќе се однесуваат на движењето на граѓаните.

Двајцата премиери Никола Груевски и Хашим Тачи во вчерашниот телефонскиот разговор се обидоа да изнајдат заедничко решение за стабилизирање на односите на двете држави, но без успех.