Продолжуваат засилените контроли на УЈП

17

Според соопштението на Управата за јавни приходи, некои од обврзниците и покрај најавените контроли за време на викендите и во вечерните часови, воопшто не издаваат фискални сметки во периодите надвор од работното време на администрацијата.

Вакви случаи се регистрирани во Свети Николе (7), Дебар (7), Кривогаштани (2) и Струга (9), каде мобилните екипи на УЈП извршија контроли. Од 25 деловни објекти со неправилности, дури два воопшто не поседувале фискална опрема.

И покрај тоа што најголемиот број на затворени објекти се во Скопје (над 150), сепак според анализите од досега извршените контроли, во помалите градови е увидена поголема фискална недисциплина, како што е примерот со Свети Николе, Дебар и Крушево.