
Њујоршката инвестициска банка „Голдман Сакс“ ја задржа својата претходна прогноза дека просечната цена на нафтата од типот „Брент“ во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде 64 долари за барел, додека за 2026 година предвидуваат просечна цена од 56 долари за барел.
Нафтениот картел ОПЕК Плус веројатно ќе го запре понатамошниот раст на производството на нафта по септември, бидејќи залихите во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) растат, додека сезонските фактори што ја зголемуваат побарувачката ослабуваат, според анализа објавена од „Ројтерс“.
Исто така, предупредува на забавување на американската економија, која, според новите податоци, расте под својот потенцијал, што дополнително го зголемува ризикот од рецесија во следната година.











