Проект вреден 325 милиони долари: Норвешка гради тунел за бродови

47

Во западна Норвешка, наскоро треба да започне изградбата на првиот тунел за бродови вреден 325 милиони долари. Се очекува одобрување на финансиски средства за овој значаен проект.

Норвешката управа за крајбрежје (Kystverket) предложи тендерската постапка да заврши оваа година, а изградбата да започне следната година. Планот е тунелот да биде во функција во 2025 или 2026 година.

Тунелот ќе биде долг 1,7 километри и доволно голем за товарни и други поголеми бродови. Сепак, бродовите за крстарење нема да можат да се движат низ тунелот, бидејќи се преголеми.

Безбедноста беше првиот приоритет за дизајнерите на тунелот.

Во претходните сто години се разгледуваше можноста за изградба на тунел, со цел да се заобиколи областa Стад изложена на ветрови и океански струи и опасна за навигација.

Важноста на изградбата на тунелот ја покажуваат и податоците на една бродска компанија дека 20% од бродовите доцнат поради проблеми во споменатата морска област.

Фото: YоuTube Printscreen