Проекти што добија најголема финансиска поддршка на Kickstarter

62

kickstarter_header

За голем број претприемачи, глобалната платформа за групно финансирање – Kickstarter, е одлично место за собирање на потребниот износ на средства за реализирање на својата идеја.

Business Insider направи листа на проекти на Kickstarter коишто досега собрале најголем износ на финансиски средства како поддршка од таканаречените backers од целиот свет. Еве дел од нив:

Pono Music

ppfupinggyvvyof5tevy

Овој музички уред доби поддршка од 6.225.354 долари. Пазарната цена на овој уред е 399 долари, а на корисникот му нуди одлично искуство кога станува збор за дигиталната музика.

Shenmue 3

Shuenmue-3

Авантуристичката игра Shenmue 3 на Ју Сузуки успеа да собере 6.333.295 долари поддршка. Се очекува оваа игра да биде достапна на Sony Play Station 4 на крајот на следната година.

Ouya

ouya

Систем за видео игри што функционира преку Android оперативниот систем собра 8.596.474 долари на Kickstarter. Стартапот доживеа финансиски неуспех, па го продаде својот софтвер на компанијата Razer во јули минатата година.

Baubax

15TextCallout

Мултифункционалната јакна за патување успеа да обезбеди финансиска помош од 9.192.055 долари на Kickstarter во јули минатата година, а потоа уште два милиона долари на Indiegogo во септември истата година. Јакната ќе започне да се испорачува овој месец.

Exploding Kittens

exploding-kittens1-1940x1187

Друштвена игра со карти на креаторот на цртани филмови Метју Инман доби 8.782.751 долари на почетокот на минатата година. Го доби приматот на проектот што за најкус временски период  ги собра потребните пари. Оваа година, е лансирана верзија на играта за паметни уреди.

Pebble

pebble_watches-1d3a3da520e1e3386e8e28c1aef315a5

Паметен часовник што нуди батерија што долго трае успеа да добие финансии во висина од 10.266.845 долари во 2012 година. Една година подоцна почна со испорака на производот.

Coolest Cooler

coolest-cooler-everything-in-one_h

Пренослив уред за ладење на пијалаците, опремен со Bluetooh, простор за блендирање, како и место за чување на сите додатоци потребни за излет. Овој проект на Kickstarter собра 13.285.226 долари.