Проектот Чебрене-Галиште е во втора фаза, има девет понудувачи

85

Проектот за изградба на хидроцентралата Чебрене-Галиште е во втора фаза и пријавени се девет понудувачи, обелодени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На економскиот форум организиран од „Finance Think“, Ковачевски говорејќи за електроенергетскиот сектор во земјава изрази надеж дека тендерот успешно ќе заврши и дека конечно ќе биде избран изведувач.

„Во втора фаза е проектот Чебрене-Галиште. Има девет понудувачи кои овие денови се на теренско разгледување на просторот за да имаат еднаква информираност за рамнопрано да учествуваат на тендерот. Се надевам дека тендерот ќе успее и дека конечно ќе имаме изведувач“, рече Ковачевски.

Проектот Чебрене-Галиште се смета за еден од стратешките проекти во македонскиот енергетски сектор, но во изминатите години имаше неколку неуспешни тендери.