Професии на иднината – на цена нема да бидат само програмерите

672

Технологијата претендира да ја преобликува реалноста во која живееме и секоја наредна година носи нови трендови. Сепак, 2021 година ќе биде специфична на многу начини, бидејќи пандемијата со Ковид-19 драстично влијаеше на нашите навики и потреби. Последиците од кризата создадоа “посилен апетит“ за технолошки решенија, но тоа не значи дека роботите масовно ќе ги заменуваат луѓето во сè.

И во иднина ќе има зголемената побарувачка за нови софтверски решенија, за развивачи, креатори на апликации. Тие ќе имаат полни раце работа во 2021 година, бидејќи побарувачката бара понуда. Во 2020 година, како никогаш порано, се плаќаше бесконтактно, купуваше преку Интернет, се создадаваа виртуелни канцелариски средини…

Што друго научивме претходната година?

Дека купувањето преку Интернет е безбеден и брз метод за набавка на секојдневни намирници. Amazon е добар пример за тоа што значи да се има “кец во ракавот“ во време на криза. Основачот на глобална компанија за е-трговија секогаш прави планови три години однапред. Како индивидуа, Џеф Безос е најголемиот профитер во 2020 година, со дополнителни 70 милијарди долари во неговиот џеб.

Корона годината ни покажа дека во 2021 година, на светот ќе му требаат курири, магацински работници, работници за пакување стоки нарачани преку Интернет, возачи… како и машини што ќе ги заменат човечките раце и мозоци во одредена област. Логистиката беше доминантна гранка во 2020 година: како да се организираат, снабдуваат, дизајнираат нови алатки, проекти, системи? Сосема е сигурно дека ќе има зголемена потреба за градежници, архитекти, урбанисти. Светот не запре, ниту ќе застане, иако ни се чини така.

Треба да се изградат нови објекти, побезбедни болници и канцеларии

Земјите кои вложувале малку во здравствената заштита и не ги плаќаа добро вработените во тој сектор разбраа зошто Германија толку многу ги цени лекарите и медицинските лица. Исто така, короната потврди колку се важни анестезиолозите, оние специјалисти кои се најмалку бројни. 

Во 2020 година, “најобично производство“ на ракавици и маски стана деловно откритие. Компаниите кои се занимаваат со тоа заработија милијарди долари во кризната година, а корпорацијата Top Glove од Малезија во декември објави дека нејзината нето добивка се зголемила за 2.030% од септември до ноември.

Здравјето е неопходност

Фармацевтската индустрија “експлодираше“ со успех, а водечките компании успеаја да произведат вакцини за помалку од 12 месеци, додека порано им беа потребни години за истата работа. Значи фармација, наука, истражување дефинитивно имаат потенцијал. Светот ќе биде повнимателен, нема да верува дека ова е “прва и последна пандемија“. Грижата за себе стана приоритет, што вклучува ментално здравје. Ќе има потреба од психолози, стручни советници.

Компаниите ќе треба да внесат експерти во своите тимови, кои ќе им бидат достапни на ранливите работници. Многумина се вознемирени, депресивни, исплашени. Тоа е терминот well-being што често го среќаваме во странски написи. Работодавците сакаат средина што ќе им обезбедува благосостојба на вработените, дури и ако тоа значи повремена работа од дома, дополнителни ангажмани, прераспределби, активности.

Прогнози за 2021 година

Се очекува намалена побарувачка за пилоти, бидејќи постојните беа масовно отпуштени или испратени на принуден одмор.

Туристичките агенции исто така поминаа многу лошо, низ целиот свет. Иако патувањето ќе се врати во нормала еден ден, тоа сигурно нема да биде наскоро, па затоа е подобро да не се оди по тој професионален пат во наредните месеци.

Секако треба да се има предвид дека преквалификацијата е клучот за идното справување на пазарот на трудот. Ниту потребата за трговци нема да исчезне, но ако започнете бизнис со малопродажба – изберете ги основните, т.н. суштински работи, а не споредни.

Фото: Freepik