Професија за која се зема плата од скоро 8.000 евра во Германија

Платата на државните службеници во јавниот сектор варира во зависност од нивната класификација во соодветната група на плати и ги зема предвид регионалните разлики во сојузните држави. На пример, платите се повисоки во Баварија отколку во Берлин поради генерално повисоките трошоци за живот на југот на земјата, пренесува Пословни хр.

Еве неколку примери на месечни плати во различни групи на плати:

А2: Виш асистент, кондуктер, чувар – бруто плата од 2.216 до 2.511 евра
А7: Медицинска сестра, детектив, – плати од 2.538 до 3.201 евро
А9: Главна медицинска сестра, медицинска сестра, началник на полиција – плати од 2.897 до 3.754 евра
А12: Државен правобранител, главен полициски инспектор, наставник специјалист, заменик директор, наставник (директор или раководител на средно училиште) – плати од 3.801 до 5.166 евра
А13: Наставник, директор,  плати од 4.457 до 5.731 евра
А14: Доктор, главен лекар, училишен советник, свештеник – плати од 4.584 до 6.233 евра
Професорите  во уметничките, техничките и педагошките училишта и универзитети заработуваат од 6.085 до 7.756 евра.