Професионализам

85

prof

Фото: Pixabay

Сите убаво знаеме дека за да бидеме успешни во која било работа и на кое било поле, треба да бидеме професионални. Но дали е тоа така? Дали сме професионални? Дали се придржувате до она што сте го ветиле или договориле?

Постојат пет работи коишто се својствени за еден професионалец, а тоа се:

– карактер

– став

– стручност

– компетентност

– однесување

Знаејќи го нашиот менталитет и скромност, сигурен сум дека поголемиот број ќе кажат дека ги поседуваат сите 5 карактеристики или најмалку 3 од нив.

Јас за секој случај ќе споделам со вас неколку совети што можат да ја зајакнат вашата професионалност и се надевам дека тие ќе влијаат на вас. Се надевам дека советите ќе побудат размислување и ќе ве натераат да промените нешто кај вас и ќе бидете попрофесионални.

Запишете што сè треба да направите – така ќе ја намалите веројатноста дека нешто или некого ќе заборавите;

Не чекајте до утре – ако може веднаш да го завршите, завршете го. Ако не можете, дефинирајте кога можете или делегирајте;

Стојте на тоа што сте го договориле – немојте да ги менувате ставовите и работите што сте ги кажале за краток период. Ако ништо друго, дајте им време да дознаете дали тоа зад кое сте стоеле е правилно или не;

Дефинирајте ги работите – инвестирајте време во планирање и во дефинирање на задачите, со тоа ќе имате помала веројатност да испаднете непрофесионален;

Бидете стручни во тоа што го работите – инвестирајте време во дообразување или консултирајте се со луѓе коишто имаат познавање. Немојте да дозволите да бидете назад со времето.

Личност од доверба – да може луѓето да ви се доверат, да имаат сигурност во вас;

Бидете чесен – кажувајте ја вистината и она што навистина го мислите. Немојте да зборувате зад грб;

Имајте интегритет – бидете препознатливи во своите принципи и ставови;

Почит кон другите – третман кон сите луѓе со подеднаква важност;

Бидете позитивни – никој не сака песимисти. Да се има оптимистички став кон работите и да пробувате да наоѓате решенија на проблемите, прави голема разлика;

Слушајте внимателно – луѓето сакаат да бидат слушнати, па дајте им можност соодветно да ја презентираат својата идеја;

Бидете фокусирани – немојте да дозволувате лесно да се дефокусирате. Немојте да дозволите приватните проблеми да ви влијаат на работа и обратно;

Поддржувајте ги другите – помогнете им кога е потребно. Најдете време да им покажете на вашите колеги или пријатели како правилно да ги завршат работите (ако знаете како);

Одржувајте добри релации – со сите околу вас (пријатели, колеги, соработници, клиенти, итн.).

Имајќи ги предвид поголемиот дел од работите што ги наведов, а и оние што ги немам наведено, многу лесно може да се дојде до заклучок дека е лесно да се биде професионален, само треба да се има желба. Желба да се промените! Желба да бидете навистина професионални!

Со успех во промените