Профитот на BioNTech нагло падна

64

Германската биотехнолошка компанија BioNTech во понеделникот објави дека нејзината нето добивка и приходи се значително намалени во првиот квартал поради падот на побарувачката за нејзината вакцина против Ковид-19.
Нето добивката во првите три месеци од годинава падна на 502 милиони евра, од 3,7 милијарди евра во истиот период лани.

Вкупниот приход изнесува 1,28 милијарди евра и е речиси 80 отсто помалку од една година порано, што компанијата го припишува на помалите комерцијални приходи од испораката и продажбата на вакцини против Ковид-19 низ целиот свет.

Приходите од вакцината против Ковид-19 паднаа за нешто повеќе од 80 отсто, на 1,26 милијарди евра, објави компанијата.

Минатата недела, Светската здравствена организација (СЗО) ја укина глобалната вонредна состојба поради Ковид-19, велејќи дека вирусот што уби повеќе од 6,9 милиони луѓе сега треба да се третира „како пакет“ со други заразни болести.

BioNTech ги потврди своите деловни прогнози за 2023 година, според кои оваа година очекува приход од вакцини од околу пет милијарди евра. За споредба, лани нивниот приход од продажба на вакцини изнесувал 17,2 милијарди евра.