
Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ денес објави дека неговиот профит во првиот квартал од 2026 година се намалил за 17,2 проценти на годишно ниво на 1,43 милијарди евра, бидејќи работењето во Кина останува огромен предизвик за компанијата со седиште во Штутгарт.
Оперативниот профит се намалил за 16,8 проценти на 1,9 милијарди евра, додека вкупните приходи се намалиле за околу пет проценти на 31,6 милијарди евра, објави „Виршафтсвое“.
Бројките изгледаат негативни, но овој пад е благ во споредба со катастрофалниот почеток на 2025 година, кога профитот на „Мерцедес-Бенц“ потона за дури 43 проценти.












