Прогласен најдобриот тематски парк во светот

183

Познатиот забавен парк на Ferrari во Абу Даби, доби награда за најдобар тематски парк на светот. Наградата е дел од годишното натпреварување во рамки на World Travel Award.

“Четири години по ред сме водечки тематски парк на Блискиот Исток, не можеме да бидеме погорди. Ова е легендарен тематски парк полн со возбудливи содржини, правиме сè што можеме за нашите гости. Горди сме за оваа награда“, вели Бјанка Самут, генерална менаџерка на паркот Ferrari World.

Овој тематски парк е изграден пред речиси десет години во чест на “духот на брендот Ferrari“. Се наоѓа на островот Јас и го поседува најбрзиот roller coaster на светот. Отворен е за јавноста на четврти ноември 2010 година, а оттогаш има добиено повеќе награди: водечка туристичка атракција на Блискиот исток во 2015 и 2016 година, како и награда за водечки тематски парк на Блискиот исток за 2017 и 2018 година.

Фото: Ferrariworldabudhabi