Прогласени најдобрите скопски ресторани и гостилници

66

nГрад Скопје ги прогласи најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани во градот.

Годинава најдобра гостилница е Носталгија, на второ место е Старо буре, а на трето Канцона. Најдобрите три ресторани се Уранија на прво место, Венето второ и Фиш трето место.

Според Душко Угриновски, косопственик на Агенцијата SWOT RESEARCH, што го спроведува истражувањето (кое годинава се спроведе во периодот од 1 до 31 октомври), во повеќето сегменти се забележува поголем квалитет и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, под 50%.

Беа опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на градот Скопје, од кои 50 ресторани и 50 гостилници, кои со вкупно 300 посети, се оценуваат според следниве осум критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на вработените со гостите.

Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.