Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје

40

ugostitelstvoГрад Скопје, во соработка со агенцијата Swot Research избра Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите. Годинава најдобрите три гостилници се: 1. Ѓезме кај тумба; 2. Капка; 3. Дарија, а најдобрите три ресторани се: 1. Лира; 2. Сушико и 3. Гурмет.

Квалитетот на услугата, според однапред утврдени критериуми го истражуваа и оценуваа тајни купувачи/гости. Со проектот се опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на градот Скопје, 50 ресторани и 50 гостилници, кои во 300 посети се оценувани според прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт со вработените.
Овој проект се спроведува шеста година по ред, а плакетите за најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Скопје.