Прогласени се најпријателските земји во Европа

193

Како може еден град или земја да се смета за „пријателски“? Со тоа дали луѓето му се заблагодаруваат на возачот на автобусот кога ќе се симнат? Дали локалното население е подготвено да застане за да им помогне на изгубените туристи? Дали келнерот ве поздравува со насмевка? Сепак, цели земји се малку потешки за класификација – менталитетот на луѓето од север може да биде навистина различен од оние од југот, сепак истото важи и за жителите на градовите и селата.

Престижниот магазин за патувања Conde Nast Traveller’s Readers’ Choice Awards ги прогласи најпријателските земји во Европа. Тие рангираа десет земји низ континентот врз основа на тоа колку читателите сметаат дека се добредојдени.

Австрија се најде на првото место како најпријателска земја.

Постигнувајќи импресивни 93,88 од 100, Австрија го исфрли минатогодишниот шампион Ирска.

На второ место е Ирска, а интересно е што Даблин не се најде на листата на најпријателски градови, додека на листата е Виена. Истото важи и за третата најпријателска земја, Хрватска.

Проверете ја целосната листа подолу:

10 најпријателски земји во Европа
Австрија
Ирска
Хрватска
Португалија
Грција
Исланд
Швајцарија
Турција
Шпанија
Франција