Прогласија победа на коронавирусот – што направија поразлично

124

Фарските острови го прогласија крајот на пандемијата на коронавирус на 26 февруари, бидејќи немале нови случаи на инфекција повеќе од три недели.

Од јули 2020 година, групата острови во северен Атлантик имаше три бранови и секој пат бројот на случаи рапидно опаѓал. Одговорот на данската автономна покраина на пандемијата беше многу сличен на стратегијата на другите земји: тестирање, следење контакти, карантин, кампањи за јавно здравје и реорганизација на здравствениот сектор.

Премиерот Бардур Стиг Нилсен за Гардијан објаснува дека нивниот пристап е уникатен.

За разлика од другите влади, тие одлучија многу рано да влијаат на своите граѓани давајќи препораки наместо да издаваат обврзувачки наредби. Таа “доверба која раѓа доверба“, се покажа како вистинита во нивниот случај.

Фарската влада беше убедена дека законското ограничување на однесувањето на граѓаните ќе резултира со полош исход отколку што е денес.

Фото: Pixabay