Произведени 16.303 MWh електрична енергија

15

АД ЕСМ на 27.12.2022 година произведе 16.303 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 7.920 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 8.383 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.700 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.