Произведени 16.603 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ

63
АД ЕСМ на 23.01.2023 година произведе 16.603 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 12.225 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.378 MWh.