Произведени 18.488 MWh, немаше увоз на електрична енергија од странство

40

АД ЕСМ на 09.01.2023 година произведе 18.488 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.390 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.098 MWh.

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство.