Произведени 19.626 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ

54
АД ЕСМ на 31.01.2023 година произведe 19.626  MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Во Термоелектраните произведени се 15.351 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.275 MWh.