Произведувачот на лондонското црно такси во стечај

24

Произведувачот на познатото лондонско црно такси, Manganese Bronze оди во стечај, затоа што не успеа да обезбеди доволно пари од својот најголем акционер, кинеската компанија Geely, која поседува 20%.

Проблемите за компанијата започнаа кога беше откриен дефект на новиот систем за управување. Поради тоа новите возила мораа да бидат повлечени од продажба, што негативно влијаеше врз приходите.

Од Manganese Bronze соопштија дека приоритет на компанијата која вработува 300 работници е решавање на настанатите проблеми, како и дека ќе продолжат со работа во текот на стечајната постапка.