Производите на домашниот пазар поевтини за 2,1% во споредба со лани

11

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7% на месечно ниво, а пониски за 2,1% на годишно ниво.
Во декември 2013, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 2,2%.
Во декември 2013, во споредба со декември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 3,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4%, Капитални производи за 1% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%.