Производител на луксузни автомобили планира отпуштања – Cе подготвуваат за трансформација

21

Rolls-Royce размислува да укине околу 3.000 работни места како дел од големиот пресврт, објави This is Money.

Автомобилскиот гигант изјави дека работи на „трансформација“ на неколку области во својот бизнис, од кои едната е поврзана со „организациска ефикасност“.

Ова уследи по извештаите дека компанијата предлага да се спојат неколку одделенија, при што околу 10 отсто од нејзините 30.000 вработени во непроизводство би биле отпуштени.

Ова не би било прво отпуштање во автомобилската индустрија. Потсетуваме дека во август минатата година Ford објави отказ за 3.000 работници.