Фото: Pixabay
Beiersdorf, производител на Nivea и други брендови за нега на кожа, ја купуваат американската компанија што произведува препарати за заштита од сонце, Coppertone од Bayer за 550 милиони долари. Целта на ова преземање е Beiersdorf да ја зајакне својата пазарна позиција во Северна Америка.
Оваа трансакција треба да биде одобрена од регулаторно тело, а се очекува да биде финализирана во последното тримесечје од оваа година.
Coppertone, компанија основана во 1944 година, во 2014 година ја купи хемискиот гигант Bayer.
Во портфолиото на Beiersdorf, освен Nivea, се наоѓаат и Eucerin, Aquaphor и La Prairie.