Антивирусниот лек ремдесивир којшто се користи за лекување на пациенти со Ковид-19, веќе му донесе на својот производител Gilead Sciences заработка од 900 милиони долари во третото тримесечје, објави фармацевтската лабораторија.
Благодарение на продажбата на овој медикамент, првично создаден против хеморагичната треска од ебола, компанијата забележа раст на тримесечниот обрт од вкупно 17% или 6,58 милијарди долари. Gilead Sciences пресмета нето добивка од 360 милиони долари.
Ремдесивир е едно од првите лекарства, кои покажаа реална ефикасност во скратување на времето за закрепнување на пациентите, хоспитализирани поради Ковид-19. Меѓутоа, сè уште не е докажано дека ја намалува смртноста.
Американската агенција за лекови на 22-ри октомври издаде постојана дозвола за користење на лекот, со што стана единствен за лекување на Ковид-19 во САД. Европа и други држави го одобрија уште оваа пролет.
Фото: Facebook