Производство на пиво во ЕУ: Доминира една земја

Според податоците на Евростат објавени неодамна, земјите од Европската унија произвеле вкупно 34,3 милијарди литри пиво во 2023 година.

Полска беше на трето место со 3,5 милијарди литри произведено пиво, а Холандија на четврто со 2,4 милијарди литри производство.

Петтото место го зазеде Белгија со производство на две милијарди литри пиво, што е 6,3 отсто од вкупното производство во ЕУ.

Во однос на извозот, трговските податоци покажуваат дека Холандија продолжила да го води овој сектор и во 2023 година. Оваа земја извезла вкупно 1,8 милијарди литри пиво, а потоа следат Германија и Белгија, Чешка и Ирска.

Во однос на увозот, Франција сè уште беше најголемиот увозник на пиво што содржи алкохол во 2023 година, со 900 милиони литри, што претставува 17,1 отсто од вкупниот увоз на ЕУ (внатре и надвор од ЕУ). Други огромни увозници беа Италија со повеќе од 700 милиони литри и Шпанија, Холандија и Германија со речиси 600 милиони литри.