Производството на гас во Русија е намалено за 10 отсто во првиот квартал

33

Во првиот квартал од 2023 година, производството на гас во Русија се намали за 10 отсто во споредба со истиот период во 2022 година, на 180 милијарди кубни метри.

Во март и производството на гас во Русија падна за околу 10 отсто, на 61 милијарда кубни метри, според извори на рускиот весник Комерсант.

Во првиот квартал Гаспром драстично го намали производството на гас за 18 отсто на 8,6 милијарди кубни метри, а во март за 22 отсто, на 2,3 милијарди кубни метри, поради падот на извозот во Европа.

Фото: pixabay