Производството на злато во Кина се зголеми за 13,1 отсто во 2022 година

76

Кина произведе 372.048 тони злато во 2022 година, што е зголемување за 43.065 тони или 13,09 отсто на годишно ниво, според податоците објавени од Кинеската асоцијација за злато (CGA).
Потрошувачката на злато во Кина минатата година изнесуваше 1.001,74 тони, што е за 10,63 отсто помалку од претходната година, покажуваат податоците на CGA, пренесува Ксинхуа.

Потрошувачката на златен накит е намалена на годишна основа за 8,01 отсто на 654,32 тони, додека инвестициите во златни прачки и монети се намалени за 17,23 отсто во однос на 2021 година на 258,94 тони.

Во 2022 година, цената на златото остана на високо ниво на глобалниот пазар, поттикната од фактори како што се геополитичката криза, пандемијата на Ковид-19, забавувањето на глобалната економија и зголемената инфлација.