ПроКредит Банка Македонија доби потврда на кредитниот рејтинг БББ – од Fitch Ratings

20

prokredit

Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings во 2015 година, го потврди долгорочниот кредитен рејтинг БББ – на ПроКредит Банка АД Скопјe.

“Оваа оценка на долгорочниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат долгорочната поддршка од матичната компанија ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт, Германија, која е доминантниот сопственик на ПроКредит Банка АД Скопје. Поддршката од акционерите преку присуство на брендот,  интеграцијата на банката во рамки на групацијата, навременото обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност придонесуваат за стабилното работење и позитивните резултати на банката во Македонија“, соопштуваат од банката.

ПроКредит банка Македонија последен пат се здоби со зголемување на оценката на кредитниот рејтниг од ББ+ на БББ – во јули минатата година. Од 2005 година, агенцијата Fitch Ratings редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката и постојано забележува пораст на оценките за различни параметри.