Fitch Ratings, меѓународната рејтинг агенција и годинава го потврди повеќегодишниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка ББ+.
Кредитниот рејтинг на оваа банка е највисокиот кредитен рејтинг кој една финансиска институција во Македонија може да го добие, бидејќи, ББ+ е и рејтингот на Македонија кој има влијание врз рејтингот на финансиските институции во државата.
“Потврдата на рејтингот ја рефлектира стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка, што е од особено значење за клиентите, штедачите и кредитобарателите. Во голема мера резултатот е потврда на одговорното работење на банката, кредитната технологија и експертизата за проценка на ризикот уште во неговата рана фаза на што како германска банка се темели нашето работење. Во услови кога бележиме раст на кредитирањето на бизнисите за изминатата година, во предизвикувачки економски услови, да се добие оцена на работењето од независна меѓународна институција и да се одржува добриот рејтинг е важна карактеристика за работењето на една институција”, изјави Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.
Инаку Fitch Ratings е една од големите три рејтинг агенции во светот кои спроведуваат независни оценки на кредитниот рејтинг според меѓународни споредливи стандарди.
Кредитниот рејтинг претставува унифицирана меѓународна мерка која дава севкупна оценка на сигурноста и стабилноста на финансиската институција во даденото макроекономско опкружување.