ПроКредит банка со пролетна понуда за доктори

prokredit-banka

ПроКредит банка нуди посебна пролетна понуда за сите лекари во Македонија.

“Бидејќи знаеме дека Вашата професија е динамична, не познава работно време и бара посветеност на пациентите, Ви нудиме 24 часа модерно банкарство и одлични услови за кредитирање. Нашите советници за клиенти се професионалци, кои може да Ви дадат личен совет за кредитите и депозитите и заедно со нив може да ги испланирате Вашите инвестициски планови во блиска иднина“, велат од банката.

Од банката за луѓе од оваа професија нудат: 24/7 пристап до сметките; уплата и исплата на денари и евра во секое време; пристап до штедна сметка со картичка; една картичка за сите сметки; модерна платформа за е – банкарство со можност за плаќање во земјата и странство директно од дома, ординација или канцеларија; плаќање во земјата без провизија преку е – банкарство; сет банкарски услуги прилагодени на потребите; личен советник за клиенти; зони 24/7 кои се на сигурни, безбедни и осветлени локации со паркинг и мониторинг.

Исто така, банката нуди и поволни услови за повеќе видови кредити: станбен кредит, кредит за еко реновирање, кредитна картичка и дозволено пречекорување на сметка и потрошувачки кредит.