Промена на одлуката на 48 часа пред стартот на СП: На стадионите во Катар нема да има алкохол

161

За време на Светското првенство во ФИФА во Катар, продажбата на пиво ќе биде забранета на стадионите и покрај тоа што ФИФА со организаторите постигна поинаков договор.

Во и околу стадионите ќе се продава само безалкохолно пиво, а алкохолното пиво и сите други алкохолни пијалаци ќе можат да се купат во фан зоните во градовите.

ФИФА има договор со производителот на пиво „Бадвајзер“ за четиригодишен циклус од 75 милиони долари и сега, 48 часа пред почетокот на турнирот, може да настане проблем со големиот спонзор.

Откако се појавија вести дека нема да има продажба на алкохол, „Бадвајзер“, објави краток твит во кој пишуваше „Ова е чудно“, но компанијата брзо го избриша твитот.

Според „Тајмс“, продажбата на пиво ќе биде можна во специјално одредени навивачки зони, според посебни услови, а тие зони ќе се наоѓаат доста далеку од самите стадиони.