
Директорката на женската програма на модниот бренд Зара, Беатриз Падин, ја напушти својата позиција по повеќе од 40 години работа во Индитекс, објави компанијата денес.
Компанијата објави дека нејзин наследник на функцијата ќе биде поранешниот директор на линијата Zara Basic, Алфредо Феро, објавува Bloomberg.
Беатриз Падин се приклучила на компанијата во средината на осумдесеттите години како тинејџерка, а за време на нејзината кариера станала еден од најблиските соработници на основачот на Inditex, Амансио Ортега.
Таа, исто така, одигра значајна улога во подготовката на неговата ќерка Марта Ортега да ја преземе функцијата претседател на компанијата во 2021 година.
Со доаѓањето на Марта Ортега на чело на компанијата и назначувањето на Оскар Гарсија Масеирас за извршен директор, започна генерациска смена во менаџментот на Индитекс.
Во исто време, компанијата почна повеќе да се фокусира на колекции од повисок ценовен ранг и ексклузивни соработки со познати модни дизајнери и фотографи.











