Промена на директорската позиција во Телeком Србија

16

Бранко Радујко, досегашниот генерален директор на Телеком Србија соопшти дека поднел барање до Надзорниот одбор да биде разрешен, а кариерата ќе ја продолжи во друга меѓународна корпорација која работи во Србија. Тој повеќе од четири години е на чело на Телеком во време кога компанијата мина низ големи предизвици, криза и либерализација на телекомуникацискиот пазар во Србија.

„Ја напуштам оваа позиција задоволен од сработеното, а на својот наследник му поскаувам добри резултати“, изјави Радујко.