
Согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, „Реплек“ АД Скопје објави промени во сопственичката структура меѓу акционерите што поседуваат над 5% од вкупниот број акции на компанијата.
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на „Реплек“, Душан Пецовски, се стекнал со нови 25 акции, со што неговиот вкупен удел се зголемува на 31.875 акции, односно 12,30% од вкупниот број на издадени акции.
Владимир Пецовски, исто така акционер со над 5%, купил 5 нови акции, и сега поседува вкупно 16.525 акции, што претставува 6,38% од акционерската структура на компанијата.
Од друга страна, компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ, исто така акционер со над 5%, продало 25 акции, со што нивниот удел се намалил на 16.466 акции, или 6,35% од вкупниот број на акции на „Реплек“.