Промени на менаџерски позиции во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

59

Одборите на директори на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Македонија на своите состаноци одржани на 21.12.2012 година одобрија промени на менаџерски позиции во двете компании.

Одборите на директори ги разрешија Бранка Павошевиќ од позицијата Главен директор за човечки ресурси, почнувајќи од 24 декември 2012 година и Габор Алтман од позицијата Главен директор за продажба, чиј менаџерски договор истекува заклучно со 31 декември 2012 година. Алтман ја продолжува својата кариера на друга позиција во Маѓар Телеком Групацијата.

Одборите на директори поради истекување на менаџерскиот договор го разрешија Јирген Шефер од позицијата Директор на Сектор за интерна ревизија на ниво на Групација. На негово место е именуван Рихард Чифари, почнувајќи од 1 јануари 2013 година.

Членовите на Одборите на директори им оддадоа признание на Павошевиќ,  Алтман и на Шефер за нивниот долготраен и посветен ангажман во двете компании и им посакаа успех во идните предизвици во нивните кариери.

Истовремено на Чифари му посакаа добредојде и многу успех на новата позиција.