Промени во Римац: Наместо во 2022 година, можеби за пет или 10 години?

93

Иако се шпекулираше дека новоформираната компанија Bugati Rimac ќе излезе на берза следната година, сега се чини дека тоа ќе биде одложено.

Имено, како што пренесува Automobilwoche, фокусот на заедничкото вложување со Porsche е прво на „профитабилноста“. Компанијата Bugati Rimac официјално започна со работа на првиот ден од ноември, а ќе произведе два хиперавтомобили: Bugatti Chiron и целосно електричниот Rimac Neverа.

„Не сакаме да го направиме тоа веднаш, туку да си дадеме време и да ја завршиме работата. Така може да биде за пет или 10 години. Нашиот фокус во Bugati Rimac очигледно е на профитабилноста“, рече Мате Римац за Automobilwoche.