Промени во сопственичката структура на Реплек: Пецовски зголемува, Настел намалува учество

Согласно Правилата за котација на Македонска берза, Реплек АД Скопје објави ценовно чувствителна информација поврзана со промени кај акционери кои поседуваат над 5% од акциите на компанијата.

Акционерот Владимир Пецовски се стекнал со дополнителни 5 акции, со што неговото вкупно учество достигна 16.530 акции, односно 6,38% од вкупниот број на издадени акции на Реплек.

Од друга страна, компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ, исто така акционер со над 5%, продала 52 акции, со што нејзиното учество се намалило на 16.327 акции, односно 6,30% од вкупниот број на акции.