Промени во управувањето: УНИ Банка доби нов член на Надзорниот одбор

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ја информира јавноста за промени во своите управувачки органи.

Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, со Решение бр. 15-31001/12 од 4 декември 2025 година, издаде претходна согласност за именување на Јанко Ангелов Караколев за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка. Мандатот на Караколев ќе трае четири години.