Промени за туристите во Грција: Сместувачки такси и строги казни за кампување

Доколку планирате да патувате во Грција ова лето, треба да имате предвид дека стапија на сила нови правила, кои го заменуваат постојниот данок на престој.

Земјите ширум светот воведуваат нови даноци за да ги зголемат приходите, да го заштитат културното наследство од прекумерен туризам или подобро да го управуваат бројот на туристи, а од оваа година им се придружи и Грција.

Даноци и на островите
Даноците на некои туристички острови, како што се Санторини и Миконос, исто така се зголемени за да се ограничи бројот на туристи.

Износ на нови даноци во Грција
Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината, а во текот на главната туристичка сезона, данокот што се наплаќа по ноќ ќе изнесува:

Хотели и апартмани со 1-2 ѕвезди: 2 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 5 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 15 евра
Самостојно сместување, преку платформи како Airbnb: 8 евра
Куќи и вили поголеми од 80 м²: 10 евра
Надвор од сезона (ноември – март), износите се значително пониски:
Хотели со 1-2 ѕвезди: 0,50 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 1,50 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 3 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 4 евра
Апартмани и соби: 0,50 евра
Куќи и вили: 4 евра
Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да се снајдат подобро.

Казни до неколку илјади евра за кампување во близина на плажи

Од оваа година е донесен нов закон со кој строго се забранува кампување на која било локација во близина на плажи. Казните за прекршителите на овој закон се движат од неколку илјади евра, а контролите ќе бидат ригорозни.

Контролите на сообраќајот исто така ќе бидат засилени, особено на север од Грција.

Оваа година се очекуваат построги контроли на брзината, задолжителна опрема во возилата и употреба на безбедносни појаси.