Прометот на компаниите во еврозоната расте бавно, профитабилноста е сè уште под притисок

Прометот на компаниите во Еврозоната полека расте, но профитабилноста е сè уште под притисок, според Анкетата за пристап до финансирање на претпријатија (SAFE) на Европската централна банка (ЕЦБ) за четвртиот квартал од 2025 година, објавена денес.

Компаниите пријавија раст на приходите во последните три месеци од 2025 година, а процентот на компании што забележале таков раст е седум проценти, што е значителен скок во споредба со претходниот квартал кога тој процент беше нула.

За почетокот на 2026 година, фирмите од Еврозоната сè уште се оптимисти, но малку помалку од порано, бидејќи 18 проценти од фирмите очекуваат подобрување на прометот, што е намалување од 25 проценти во претходната квартална анкета.