Прометот од продажба на услуги зголемен за 7,1% во третиот квартал

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во третото тримесечје од 2022 година покажува зголемување во однос на третото тримесечје од 2021 за 7.1 %.
Во третото тримесечје од 2022 година во однос на истото тримесечје од 2021 година, зголемување се јавува во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив и изнесува 45.4 %, во одделот Објекти за сместување, во кој зголемувањето изнесува 36.5 % и во одделот Дејности за подготовка на оброци и служење храна, во кој зголемувањето изнесува 30.3 %.