Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември опаднат за 14,8%

14

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 108.6.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2013, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 14,8%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20,4%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15,5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,2%.
Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,8% и Капитални производи за 36,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 76,1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4%.
Индексот на прометот во индустријата во ноември 2013 година, во однос на октомври 2013 година, изнесува 92.1, додека во периодот јануари-ноември 2013 година, во однос на периодот јануари-ноември 2012 година, изнесува 106.9.