Прометот во индустријата во јули намален за 7,5%

23

Прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 7,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,8%, Капитални производи за 10,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7%.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2020 година, во однос на јуни 2020 година, е зголемен за 1,7%, додека во периодот јануари-јули 2020 година, во однос на периодот јануари-јули 2019 година, е намален за 16%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 97,8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3%, Капитални производи за 16,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2020 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 109,1, додека во периодот јануари-јули 2020 година, во однос на периодот јануари-јули 2019 година, изнесува 96,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 92.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 18,9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,5%, Капитални производи за 10,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2020 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 99,7, додека во периодот јануари-јули 2020 година, во однос на периодот јануари-јули 2019 година, изнесува 80,5.

Фото: Pexels