Прометот во индустријата во јули зголемен за 6,7%

34

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 106,7, што укажува на пораст од 6,7%.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 8,8%, додека прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 15,6%.

Споредено по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули оваа година, во однос на истиот период минатата година, бележи пораст од 4,7%, а во секторот Преработувачка индустрија порастот изнесува 6,8 %.

Според главните индустриски групи, прометот во јули оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Енергија за 315,1% и Капитални производи за 119,7%. Опаѓање е забележано кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 15,8%.

Индексот на прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на претходниот месец, изнесува 104,5, додека  во периодот јануари-јули оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 106,9.