Прометот во трговијата на мало со храна бележи континуиран раст

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2025 година, во однос на 2024 година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун бележи континуиран раст, особено во јуни, кога изнесува 14.0 %

Во трговијата на мало во 2025 година, во споредба со 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена најмногу во јуни, и тоа номинално за 22.4 %, а реално за 14.0 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена најмногу во ноември – за 20.2 %, а реално за 15.6 %, Трговија на мало, освен трговија со горива е зголемена номинално најмногу во јуни – за 12.4 %, а реално за 6.3 %.

Во 2025 година, во однос на 2024 година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално најмногу е зголемена во јуни – за 22.4 %, а реално за 14.0 %
  • Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е најмногу зголемена во ноември – за 20.2 % а реално за   15.6 %