Прометот во услужниот сектор порасна за 2,7%

Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 2.7 % во третото тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 7.1 % има во секторот Стручни, научни и технички дејности и од 5.8 % во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Во третото  тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголем пораст од 7.1 % во прометот на услугите има во секторот Стручни, научни и технички дејности.