Денес пред преставниците на дипломатскиот кор, Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе организира прoмоција на капацитетите и извозните потенцијали на компанијата за производство на прехранбени и кондиторски производи АД Витаминка од Прилеп.
Презентацијата ќе биде одржана во просториите и производствениот погон на компанијата, а истата се случува во рамки на проектот за промоција на македонските извозни капацитети.
На настанот ќе се обратат Министерот за надворешни работи Никола Попоски и Претседателот на Бордот на директори на компанијата Витаминка, Симон Наумоски.