Промоција на прирачникот Tip of the Week за подобро работење

40

Македонија-Експорт Консалтинг во соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста денес ќе го промовира Tip of the Week, прирачник за личен и професионален развој, единствен од ваков вид во Македонија.

Во прирачникот можат да се најдат теми од секојдневниот живот кои можат да помогнат за подобро лично и професионално работење, како и мали и практични совети за справување со предизвиците на новото време.

Пред официјалната продажба Tip of the Week за своите вработени веќе обезбедија Витаминка, Порше, Комерцијална Банка, Прилепска Пиварница, ЕЛЕМ, ВИВА, Дајнерс, Илирика, Промедика, СЕМОС и други.