Телекомуникацискиот оператор Вип ја најавува новата промоција во постпејд сегментот на мобилната телефонија со којашто корисниците добиваат можност за неограничена комуникација и тоа со намалена месечна претплата во текот на целата година, стои во соопштението.
Ова е можност за сите приватни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор да ги искористат погодностите на новата промоција за Vip Mobile L тарифниот модел за 524 денари месечна претплата за цела година како и вклучени 3GB 4G мобилен интернет.
Со избор на тарифниот модел Vip Mobile M за 384 денари месечна претплата во првата година корисниците добиваат неограничени разговори и СМС кон мрежата на Вип, 250 минути кон другите национални мрежи и 500 MB 4G интернет.
Истовремено, со оваа нова промоција корисниците имаат можност за избор на смартфон по намалени цени. Понудата е достапна со склучен договор на 24 месеци и во ограничен промотивен период.